Тајсон Фјури го победи Дионтеј Вајлдер со нокаут во 11. рунда и ја одбрани светската титула. Долго очекуваната битка привлече големо внимание, бидејќи ова беше трета пресметка од 2018 година.
И двете ѕвезди ќе заработат најголема сума до сега. Според договорите потпишани пред борбата, Фјури ќе заработи 30 милиони долари и 30% од ППВ приходите, додека Вајлдер ќе инаксира 20 милиони евра и останатите 40%.
Се шпекулира дека заработката од продажба на оваа борба изнесува 100 милиони евра, па и двајцата ќе заработат 60 милиони долари.
Во првата пресметка во 2018 година, Вајлдер инкасираше 4 милиони евра, Фјури милион помалку, додека во втората борба заработката беше далеку поголлема, дури по 25 милиони евра. Но, по синоќешната битка, сумата скокна многу повеќе, и засега е рекордна кога станува збор за нив двајца.
FOTO: AP