Леонардо: Реал Мадрид треба да биде казнет доколку постојано зборува за Мбапе

90

Спортскиот директор на ПСЖ, бразилецот Леонардо јавно го прозва, односно осуди Реал Мадрид како клуб, затоа што како што вели тој во последнтие две години постојано и континуирано зборуваат и го прозиваат Килијан Мбапе.

„Тоа ниту е етички ниту е морално, ниту е легално. Реал Мадрид треба да биде казнет за тоа. Не може две години континуирано во Реал Мадрид да се зборува само и единствено за Килијан Мбапе. Тоа е не фер ни према нас, а најмногу кон Килијан, затоа што тој во моментов е еден од најдобрите светски фудбалери. Ние планираме да го задржиме, и да му понудиме нов договор. Го имаме него, Меси и Нејмар. Никогаш не сме ја замислувале иднината на ПСЖ без Мбапе“ – изјави Леонардо.

 

ПретходноФјури и Вајлдер заработија рекордна сума
СледноСанчо друже, следниот пат ако може да успориш малку (ФОТО)