По ремито со Полска (0:0) во 1. коло од кваликацискиот турнир во Корк, младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години загуби во второто коло од домаќинот Р. Ирска со 2:0. Момците на Тони Јакимоски не успеаја да ја изненадат домашната селекција, која со оваа втора победа практично си го обезбеди пласманот во вториот круг од квалификациите.
Ирците поведоа во 31. минута со голот на Вата, а точка на победата стави О’Махони со голот во 73. минута.
Во битката за второто место, Полска денеска ја совлада Андора со минимални 1:0, па за нас останува задачата во последниот меч што поубедливо да ја совладаме Андора, но и да се надеваме на пораз на Полјаците во дуелот со Р. Ирска.
Р. ИРСКА – МАКЕДОНИЈА 2:0 (1:0)
Р. ИРСКА: Волш; Кертис, Хеферман, Браун, О’Брајан; Вата (МекЛафлин), Мек Манус, Феризај; Доерти (Уме), О’Махони, Зефи (Нолан)
МАКЕДОНИЈА: Стојановиќ; Аризанкоски, Марковски, Стојилевски, Јаневски; Таири (Сулејман), Ѓорѓиевски, Зенделовски; Елмас, Назифи, Стојанов