Горан Пандев: Победата во Дуисбург беше рамно на чудо, како да сме освоиле титула!

299

Вечерва играме против Германија, против светскиот фудбалски гигант. Тоа ќе биде фудбалски празник, јавноста е на нозе, едвај се чека почетокот на мечот.

Горан Пандев, довчерашниот капите на нашата репрезентација, за медиумите во Германија се присетува на она што беше во март, кога среде Дуисбург, ние победивме со 2:1.

Токму Пандев беше стрелецот на првиот гол во 45.минута за наше водство од 1:0.

Тоа за нас беше рамно на чудо, и не само за нас. Таа победа над Германија за нас беше како да сме освоиле титула. Таа победа ќе биде запишана во историјата, па, ние ја победивме Германија. Победивме тим кој не знам колку натшревар на свој терен немаше претрпено пораз. Германците мислеа дека лесно ќе ги освојат трите бода. Сепак ние бевме максимално подготвени и победивме. По мечот радоста беше голема“ рече покрај другото некогашниот капитен.

Претходно„Ди Велт“: Добро е што загубивме од Македонија, го добивме Флик за селектор
СледноПо двата порази, Академија ФМП се засили со Американец!