Фановите го изгласаа стартниот состав на Флик, ги нема Вернер, Хаверц, Ројс…

428

Навистина голема енигма е со кој состав Ханси Флик ќе истрча вечерва на мегдан против “рисовите“ на Благоја Милевски. Капитенот Мануел Нојер има проблеми, дефанзивецот Рудигер исто така. Прашање е дали ќе започне Милер или Ројс, што со “тројката“ на Челзи, Рудигер, Хаверц и Вернер.

Во текот на изминатите два дена, познатиот портал Sport.de, спроведе анкета за германските медииуми, во која тамошните фанови го дадоа своето мислење за тоа со кој состав Флик треба да го започне мечот против Македонија. Формацијата е 4-5-1 или 4-2-3-1, а стартниот состав кој му се препорачува на селекторот Флик е: Нојер како голман, во дефанзивата Суле, Рудигер, Керер и Хофман. Во средниот ред тука се Кимих, Горецка, Мусиала, Милер, Сане, во шпицот Гнабри.

Се гледа дека дури осуммина има од Баерн Минхен, по еден од Челзи, Менхенгладбах и ПСЖ.

Нема место за Вернер, Хаверц, Ројс…

ПретходноМонпеље доаѓа засилен во Скопје, за пресметката со Вардар се враќаат двајца ракометри!
СледноМомент на колото: „Штркчињата“ и Перо Блажевски, Работнички – перфектно разочарување!