Англискиот гигант и екс-шампион Ливерпул денеска ги престави новите дресови за сезоната 2021/22. Станува збор за дресовите во кои клубот ќе ги игра домашните натпревади.
Опремата на Најк ја преставија дефанзивецот Вирџил ван Дајк, напаѓачите Мохамед Салах и Садио Мане, како и играчот за врска Фабињо, голманот Алисон и други играчи.
Дресот е изработена во традиционална црвена боја, со портокалова јака и ленти на ракавите. На дресот има и дијагонални портокалови ленти. Новиот комплет ќе се најде во продажба на 3 јуни.
🔴 𝗧𝗵𝗲 𝗥𝗘𝗗𝗦 🔴
Our new @nikefootball kit is inspired by the move to an all-Red kit in the ‘60s 👌 @LFCRetail 👌
— Liverpool FC (@LFC) May 20, 2021