Еве уште еден мотив за нашите момци да го дадат својот максимум. Имено на деншен ден пред пет години, на 11 октомври 2016 година нашата млада репрезентација со 21.години ја победи Шкотска со 2:0. Стрелци беа Кире Маркоски и Енис Барди. Селектор беше Благоја Милевски, сегашниот селектор на А – репрезентацијата. Со тој триумф се пласиравме на ЕВРО 2017 за селекции до 21.година.
Меѓу стартерите од вечерва, тогаш играа Дарко Велковски и Бобан Николов, Тихомир Костадинов, уште во составот беше и Висар Муслиу. Тогаш беа во составот, а вечерва се на клупата и Ѓоко Зајков, Дамјан Шишковски, Никола Ѓорѓев.