Ја налутивме Германија со онаа победа во Дуизбург. Вечерва „панцер дивизијата“ дојде не надигра, убедливо не совлада 4:0 и покажа дека на првиот меч имале само лош ден. Ова е вистинската сила на германскиот национален тим кој тргна офанзивно од првата минута, се изнашутираа, направија многу шанси и реализираа четири. Македонскиот национален тим покажа знаци на немоќ, а по првиот примен гол комплетно се распадна. Поука за следните два натпревари на кои мораме да победиме за да се надеваме на баражот иако сега се не зависи од нас.