Стручен коментар – Александар Васоски: “Влеговме“ во германската “машина“!

1371

Што да се каже откако ќе загубиш со 0:4, и на свој терен, но сепак од силната, пресилната Германија? За читателите на “Спортмедиа“ свој стручен коментар дава Александар Васоски, сегашен тренер на А. Пандев, кој некогаш како фудбалер играше во Германија, во Ајнтрахт Франкфурт.

Секако дека боли кога ќе загубиш така високо, и тоа на свој терен. Искрено во првиот дел иако Германија имаше домиминација, ние не стоевме во блокот така лошо. Имавме и две шанси преку Елмас, но сепак уште тука се виде кој е кој. Откако така несреќно го примивме тој прв гол во второто полувреме, е тогаш влеговме во познатата германска `машина` која просто не `сомле“ вели Васоски.

На прашањето дали навистина толку ги заболе поразот во Дуисбург, па одиграа како што одиграа во Скопје.

Тие се како роботи. Таков им е стилот. Германците просто те газат ако осетат дека можат. Само гледај да се спасиш од катастрофа. Да, мислам дека свое влијание имаше и тој пораз, односно наша победа, но сепак ако Милер на 36 години трча како да има 18, тогаш сликовито ќе се објаснат моите зборови“.

Одамна не сме виделе некој така да ја надигра Македонија.

Па се виде разликата во класи. Не паметам во Скопје да гостувала така силна репрезентација. Како Македонец жалам за поразот, за убедливиот пораз, но како фудбалско лице секако дека сум воодушен од тоа што го видов од Германија. Беше уживање да се гледа. Видете, оваа Германија со Ханси Флик е нешто посебно. Тој го собра цел Баерн Минхен. Па, ние како да игравме против Баерн, така ми личеше. Сега нема `плачење`. Одиме натаму“ заврши Васоски со својот стручен коментар.

ПретходноФлик: Ќе уживаме во победата и посакувам успешен Мундијал
СледноНејмар: Не ги чувствував нозете, можев да останам инвалид