Можеби некои работи ќе беа поинакви ако тој беше на теренот и после таа 25.минута кога поради повреда мораше да излезе. Имено “Лавот“ Адеми поради повреда мораше многу рано да го напушти теренот и тоа поради повреда на синоќешниот меч со Германија.
Сепак добра вест е таа што неговата повреда не е од сериозен карактер. Имено станува збор само за удар, болките беа големи во моментов, но Адеми многу бргу ќе се врати во тимот на Динамо Загреб. А со тоа ние секако дека ќе можеме да сметаме на мечевите на нашата репрезентација во ноемврискиот циклус против Ерменија и Лихтенштајн.
Повеќе од јасно е дека Аријан Адеми, со своето искуство и квалитет, е лидерот на оваа репрезентација на Македонија.