Познато е дека ТВ пренос од синоќешниот меч од Скопје, за Германија вршеше познатата телевизиска куќа РТЛ. Исто така се знае дека за потребите на оваа ТВ, синоќа во Скопје беше и познатата легенда Лотар Матеус кој беше стручен коментатор.
Па така по завршување на натпреварот, односно во текот на денешниот ден, од РТЛ се пофалија дека повеќе од 7 милиони Германци го следеле ТВ преносот од Скопје, од натпреварот меѓу Македонија и Германија или поточно 7,12 милиони фудбалски фанови.
Ова е повеќе од ТВ преносот меѓу Германија и Романија кој го следеле 6,86 милиони гледачи.
Од РТЛ се пофалија дека во тој момент тие од пазарот имале 26,3 насто, што секако дека е за пофалба, посебно зошто Македонија за Германците била поатрактивен ривал отколку една Романија.