Манчестер Ј. потврди: Варан е повреден и ќе мора да паузира неколку недели

100

Манчестер Јунајтед денеска и официјално објави известување за повредата на новиотд ефанзивец на тимот, Рафаел Варан. Французинот се повреди додека беше со селекцијата на Франција во завршницата на Лигата на нации во Италија.

Во соопштението се вели: „Рафаел Варан се здоби со повреда на мускулот на препоните во финалето на Лигата на нации на УЕФА и започна со рехабилитација во клубот. Тој ќе отсуствува неколку недели“.

„Црвените ѓаволи“ ги чека тежок распоред, со оглед на тоа што в сабота играат на гости кај Лестер, а потоа и меч со Аталанта во ЛШ.

ПретходноБруклин Нетс го тргнаа Ирвинг од тимот, се додека не реши да се вакцинира
СледноАвстралија не се откажува: Ако сте тенисер кој сака да игра на АО, најдобро е да си се вакцинирате