Неверојатни бројки: Роналдо со партија за историја!

496

Португалија на вчерашниот квалификациски меч за место на СП 2022 година убедливо го совлада Луксембруг со 5-0, во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо. Во кончените пет гола за неговата репрезентација постигна три. Португалија е втора во групата А, со бод помалку од Србија, која има меч повеќе.

Роналдо дополнително ги поправи бројките во дресот на националниот тим, стигна до 115 погодоци. Покрај ова дојде до десетиот хет-трик во својата кариера за репрезентацијата. Тој е единствениот играч во светот на кого му успеало ова.

Во кариерата вкупно ова за него беше 58. хет-трик. Во дресот на Португалија синоќа го одигра 182 натпревар.

 

ПретходноСвидерски го урна албанскиот сон за Мундијалот (видео)
СледноТренерот на Монпеље загрижен пред дуелот со Вардар