Игор Алексовски повеќе не е дел од Шкупи

1074
+2

Тимот на Шкупи останува без еден од голманите кои во изминатиот период го носеа дресот на тимот од Чаир.

Игор Алексовски и официјално си замина од Шкупи, откако му истече актуелниот договор. Тој и онака подолг период не е меѓу диреците, со оглед на фактот што се враќа од повредата на коленото, а на голот на Шкупи е Кристијан Наумовски.

Алексовски пристигна во Шкупи во 2018 година од Вардар, а претходно беше дел од тимот на Македонија ЃП.

Тоа е голманот со кој Македонија го оствари првиот голем репрезентативен успех, со пласманот на младинското европско првенство во Полска.

ПретходноПелистер сака да го задржи Гоудиаби, ама нема пари!
СледноКире Ристевски официјално во АЕЛ Лимасол