Вујовиќ: Жал ми е поради атмосферата, Вардар не личеше на себе!

288

Дојдоа тешките денови кои Веселин Вујовиќ ги најави. Вардар 1961 за првпат сезонава е поразен на домашен терен, и тоа од Монпеље со 25-31 во едно неубедливо издание.

Вардар по некомплетното 4. коло падна на петото место на табелата, има пет бода исто колку и францускиот тим.

„Честитики за Монпеље за добрата игра, во ниту еден момент не бевме близу, не бевме вистински протиовник. Вардар не личеше на онаа екипа од првите три кола. Жал ми е за атмосферата во салата која беше одлична. Монпелје мора да се респектира, го победи Кил, и тоа е тим кој доаѓа од Франција, земја каде се игра врвен ракомет. Со причина се плашев за овој меч, голем дел од играчите потфрлија, мораме да се дигнеме и да се продолжиме, сезоната е долга“, изјави Веселин Вујовиќ. 

ПретходноОсвојувачка на медали од светските атлетски првенства убиена во својот дом
Следно„Среќа што не игравме против Бутел оти ќе изгубевме и од нив“