Пик Сегет изгуби дома од Елверум, нема веќе непоразени во ЛШ

213

Унгарски Пик Сегет го доживеа првиот пораз во новата сезона во ракометната Лига на шампиони со што веќе нема непоразени екипи во елитното натпреварување. Сегет по едно реми и две победи, налета на норвешки Елверум од кого изгуби дома со 30:34, а воедно гостинскиот тим стигна до првата победа сезонава во ЛШ. И не само тоа, Елверум стигна до првата победа над Сегет воопшто.

Најефикасен кај гостите, воедно и на мечот беше Тобиас Грондал со 9 голови, го следеа Доминик Мате со 6 и Синдре Хелдал со 5. Кај Сегет најмногу голови постигна Бенсе Банхиди (6), а по пет имаа Мартин Соареш, Радивојевиќ и Мацковшек.

Во оваа група А е и македонскиот шампион Вардар кој е на петтото место со пет бодови. Лидер е Алборг со 6 исто колку и вториот Кил, а Сегет е трет и Монпеље е четврти со по пет бодови. Елверум по првата победа има четири бодови, а по нив се ППД Загреб и Мешков Брест.

ПретходноХаос: Лечков обвини дека имало поткуп во тоалетите за време на изборот на претседател на ФСБ!
СледноРоџерс и официјално му рече „НЕ“ на Бин Салман!