Кипарска АЕК Ларнака утрово и официјално го потврди новиот договор со екс-македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски. Откако пред два дена стана јасно дека преговорите се успешно завршени, денеска стана јасно дека Иве ќе остане уште две години во дресот на АЕК, откако е постигнат договор за нова соработка до летото 2024 година.
Капитенот на АЕК Ларнака дојде во клубот во јануари 2016 година и во неговите досегашни настапи постигна вкупно 119 голови за тимот, што го прави еден од најуспешните голгетери во историјата на клубот, но и кај кипарските тимови во европските натпреварувања.
„Покажавме повторно и повторно доверба и почит во нашата врска и јас сум многу, многу горд, и голема чест ми е да останам тука до 2024 година. Тоа беше посебен и единствен момент за мене и за тимот, бидејќи би рекол дека немаше формални преговори. Тоа беше само отворена и искрена дискусија за сегашноста и иднината. Беше многу лесно да се постигне договор“, изјавил Тричко.