Ова е единствен начин Премиерлигата да има пет претставника во ЛШ во наредната сезона!

321

Во недела во 17 часот ќе се одигра последното коло во Премиерлигата и тогаш ќе се знае расплетот околу тоа кои клубови, покрај првакот Манчестер Сити и второпласираниот Манчестер Јунајтед наредната сезона ќе играат во Лигата на Шампионите. Најголеми шанси за тоа имаат Челзи и Ливерпул, но исто така не смеат да се потценат шансите ниту на Лестер, кој сепак зависи и од другите резултати.

Инаку познато е новото правило на УЕФА дека клубовите кои ќе ја освојат ЛШ или ЛЕ автоматски добиваат право за настап во ЛШ, но само ако во првенството завршат како петти или подолу. Да не се случи како што еднаш беше Премиерлигата да има шест претставника во ЛШ.

Да, може да има пет претставника, но само на еден начин. Имено ако Челзи ја освои ЛШ тогаш не смее да ја победи Астон Вила во последното коло и со тоа би завршил како петти. Пред него би биле Сити, Ливерпул и Лестер, се разбира ако “лисиците“ слават против Тотенхем а “редси“ го победи Кристал Палас.

Ако Јунајтед го победи Виљареал во финалето во ЛЕ, тогаш не може да го пренесе правото на настап во ЛШ од ЛЕ зошто овој тим е втор во Премиерлигата и како таков ќе игра во ЛШ.

Значи ПЛ би имала пет претставника следната сезона во ЛШ само Челзи го победи Сити во финалето и на крајот во ПЛ заврши надвор од таа прва “четворка“ на табелата.

ПретходноБесар Гуџуфи: Ова е остварување на секој фудбалски сон, допрва ќе покажам колку можам
СледноЛудило: Еве како во ПСЖ се славеше освојувањето на Купот! (ВИДЕО)