ВМФЛ-ЗАПАД: Силекс нема намера да запре, Воска против Кадино, Вардар го дочекува “фенерџијата“

206

Денеска се играат сите пет мечеви од 7.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Секако дека во центарот на вниманието е настапот на Силекс, односно гостувањето кај Гостивар. Дали ќе има седум од седум за кратовци, ќе видиме по мечот. Воглавно кратовци се големи фаворити.

Воска Спорт е апсолутен фаворит на мечот со Кадино. Момците на стратегот Раде Цицмиловиќ едвај чекаат мечот да почне и да го искажат сиот свој квалитет. Се разбира и да ги освојат трите бода.

Вардар како домаќин игра во Маџари против Охрид, секако дека против “фенерџијата“ очекувањата се само три бода. Се друго ќе биде катастрофа за вардарци.

Кораби во Дебар го дочекува Тетекс, ова е дербито на колото зошто се среќаваат вториот и четвртиот тим на табелата.

Беса предводена од новиот тренер Бујар Ислами, гостува кај Велешта. Секако дека Ислами сака добар резултат на своето деби на клупата на амбициозната екипа на Беса.

Па тој затоа и е доведен, екипата да има подобри резултати.

ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

ГОСТИВАР – СИЛЕКС

КОРАБИ – ТЕТЕКС

ВАРДАР – ОХРИД

ВОСКА СПОРТ – КАДИНО

ВЕЛЕШТА – БЕСА

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 18

2.КОРАБИ 13

3.ВОСКА СПОРТ 12

4.ТЕТЕКС 10

5.ВАРДАР 8

6.БЕСА 7

7.ГОСТИВАР 5

8.КАДИНО 5

9.ВЕЛЕШТА 4

10.ОХРИД 3

ПретходноАутсајдерите испишаа историја на Индијан Велс
СледноВМФЛ-ИСТОК: Кузманов со Слога на мегдан против “својот“ Кит Го!