Паоло Диала и Алваро Мората не тренираа заедно со остатокот од екипата на Јувентус, па нормално, автоматски се под знак праѓалник за неделното дерби против тимот на Рома.
Истиот е закажан за в недела со почеток од 20:45 минути и е исклучително важен за двата тима. И обајцата можеби ќе бидат на клупата за резерви, а многу нешта зависат и од состојбата на јужноамериканците кои пристигнуваат денеска во кампот на Јуве, по настапите за своите репрезентации во четвртокот.