Лацио му го нанесе првиот пораз на шампионот Интер (ВИДЕО)

111

Со неверојатно второ полувреме, Лацио успеа да му го нанесе првиот пораз на актуелниот шампион Интер во италијанската Серија А. На дербито на „Олимпико“ во Рим, „лацијалите“ обезбедија победа од 3:1 со која стигнаа до четвртата победа сеознава и се искачија на петтото место на табелата.

Интер одлично го отвори мечот по само 12 минути игра доби пенал. Перишиќ биеше прецизно и го донесе тимот на „нероаѕурите“ во водство од 1:0.

Имобиле, Милинковиќ-Савиќ и Андерсон донесоа еден нов Лацио во вторите 45 минути и со три ефектни погодоци му пресудија на шампионот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноТиквеш го најде лекот за залетаниот Е.Пелистер 2
Следно„Вардарки“ триумфално се вратија на евро-сцената