Валенсија ја доби драмата со Бургос, „десетка“ за Димитријевиќ

136

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и Валенсија имаа тешка задача во рамките на шестото коло во Лига Ендеса. На гостувањето кај Сан Бабло Бургос по голема битка и крајно неизвесен натпревар славеше со 65-69 за трета победа сезонава.

Тимот на Димитријевиќ можеше овој дуел да реши поинаку, по првото полувреме имаше ветувачка предност од 38-46, но по одморот влезе во серија на промашувања. На другата страна домашните кошаркари искоритстија максимално, направија серија од 12-3 и поведоа со 50-49. Од овој момент дуелот влезе во неизвесна битка.

На две минути до крајот Валенсија одново поведе, беше 60-66. Сето ова не беше доволно за сигурна победа, Сан Пабло Бургос со четири поени во низа се доближи на 64-66. Последниот напад Валенсија максимално го искористи, Нено изнуди лична грешка за нов обид да неговиот тим, а Хермансон застана на линијата за слободни фрлања за 64-68, предност која на крајот се покажа како доволна за победа.

Димтиријевиќ беше стрелец на 10 скока, шест асистенции и два скока. Во игра мина нецели 23. минути, имаше 1/2 за три, 3/6 за два и 1/2 за еден поен.

ПретходноБензема: „Ел Класико“ се уште е најдобриот меч во фудбалот
СледноВерона имаше 2:0, па со автогол го однесе Милан на врвот во Серија А (ВИДЕО)