Кристијано Роналдо нешто порано го напушти Реал Мадрид, ова лето си замина Серхио Рамос, а Барселона остана без Лионел Меси. Па многумина со право се загрижени околу пресметката меѓу двата најголеми шпански клубови, Реал Мадрид и Барселона.
„За мене се остана исто. Ел Класико и натаму е најдобриот меч на планетата. Не е важно кои играчи доаѓаат и си заминуваат, дуелот меѓу Реал и Барса е историски. Имињата се менуваат, Зидан, Ето, Роналдињо, Роналдо…Тоа беше врвен меч“, коментираше Бензема.
Францускиот фудбалер ја коментираше и кризата во редовите на Барселона.
„На вакви натпревари не треба да ја гледате формата или пак играчите, ова се мечеви на кои се е можно“, додаде Бензема.
По осум кола во Ла Лига, Реа е лидер со 17 бода, додека Барса се наоѓа на деветото место со 12 бода.