Иван Класниќ: Земам таблети двапати дневно, поради вирус ми падна косата!

782

Некогашниот хрватски репрезентативец и познат фудбалер во Бундеслигата, Иван Класниќ, гостуваше на Спортскиот фестивал во Пореч, каде кажа како живее денеска и како се справува со здравствените проблеми. Инаку познато е дека Класниќ долго времеводеше животна битка откако му откажаа бубрезите. Имаше повеќе трансплатации кои беа неуспешни.

Едноставно медицината не напредувала за да може да гарантира дека новиот бубрег ќе биде вечен. Откако не успеав со мајчиниот и татковиот, сега имам бубрег на почината жена, а не знам која беше. Знам дека била само повозврасна од мене две години“ посочи Класниќ.

Тешката битка за животот си го даде своето, имено сега Иван едностабно не може да се препознае, посебно откако целосно му падна косата.

Во моментов земам по две таблети дневно. Косата ми падна поради некој вирус, а докторите ми велат дека можеби ќе ми се врати. Според мене сега најважно е што бубрегот сега работи. Низ сите овие тешки моменти кои траат веќе неколку години често размислував што значи животот“ рече покрај другото легендарниот хрватски фудбалер.

ПретходноРенова го има вториот најдобар старт во клупската историја во ПМФЛ!
СледноПерез спрема супер лето: Покрај Мбапе и Халанд, во Реал доѓаат Погба и Рудигер!