Поранешен двоен шампион на МЛС продаден за 400 милиони долари

363

Американскиот фудбалски клуб Хјустон Дајнамо добива нови сопственици. Како што соопштува „Спортико“ актуелниот мнозински акционер на овој клуб, Габриел Бренер ги привршува деталите за продажба на клубот на Тед Сигал, основачот и претседателот на компанијата за промет со недвижнини ЕЈС Груп за 400 милиони долари.

Бренер ќе задржи мал дел од акциите во клубот кој досега двапати бил шампион на Мејџор Сокер лигата. Покрај него мал дел од акциите поседува и НБА ѕвездата Џејмс Харден. Инаку новиот сопственик ќе го добие и женскиот фудбалски клуб Хјустон Деш, кој се натпреварува во Националната женска фудбалска лига (НВСЛ) и го очекува учество на Меѓународниот куп на шампионите за фудбалерки.

Инаку Дајнамо е основан во 2005 година, а во МЛС настапува од 2006 година. Во дебитантската сезона ја освои титулата, а една година подоцна ја одбрани.

Инаку продажбата на Хјустон е втора во период од две недели, затоа што претходно Орландо Сити за сума меѓу 400 милиони и 450 милиони долари беше продаден на фамилијата Зигмунд Вилф кој го поседува НФЛ тимот Минесота Вајкингс.

ПретходноМбапе искрено за Бензема
СледноПрвиот човек на Нант: Чест ми е да објавам дека Лазаров ќе игра уште една година!