Бабиќ: Мора да бидеме непогрешливи, Ним е страшен тим

429

Е. Пелистер утре на домашен терен ја почнува својата нова сезона во Европската лига. Во Битола гостува францускиот тим на Ним, кој на оваа средба влегува како фаворит. Од друга страна нема да мине лесно, бидејќи навивачите се вратија на трибините, па атмосферата ќе биде пеколно добра. Токму овој факт го радува и тренерот Жељко Бабиќ, кој вели дека против Ним треба да бидат непогрешливо. “Многу ќе ни значи публиката, сите сме желни за добра атмосфера, спортот се игра за нив. Се надевам дека сите заедно на крајот ќе се радуваме. Што се однесува до противникот, сите знаеме каков тренд бележи францускиот ракомет. Не чека тежок меч, мора да бидеме непогрешливо, тактички добро подготвени. Ним има страшно цврста одбрана, брз центар и транзиција. Во нападот играат еден на еден, повеќе индивидуално. Ова ќе биде фајтерски меч со многу контакти”,изјави Бабиќ, кој додаде дека дуелот со Охрид бил добра контрола пред европскиот предизвик иако домашното првенство е сосема различна приказна. Натпреварот е закажан со почеток во 20:45 часот, билетите се пуштени во продажба.

ПретходноИ официјално: Муарем Бајрами на клупата на Македонија ЃП!
СледноРистовска го има најдобриот гол на колото во ЛШ (ВИДЕО)