Брилијантен пенал: Промаши цел гол, ама го погоди дечкото од обезбедувањето во глава (ВИДЕО)

228

Невообичаената ситуација се случи синоќа за време на изведувањето пенали на меч од ФА Купот на Англија меѓу Вејмаут и Јеовил Таун. Имено, во едне од решавачките пенали за тоа кој ќе продолжи во следната рунда, топката по шутот на еден од играчите на гостите место во голот, заврши во главата на стјуардот кој стоеше зад голот. Видеото стана хит на интернет.

Инаку, Вејмаут и Јеовил Таун, тимови од петтата лига во Англија, во регуларниот дел мечот го завршија без победни 1:1, по што мораше да решаваат пеналите. На крајот и покрај овој смешно изведен пенал, играчите на Јеовил Таун беа подобри и обезбедија место во следната рунда.

ПретходноКостадинов во тимот на колото во Словачка
СледноИ ова е офсајд во Хрватска…. судиска лакрдија „за сите пари“ (ВИДЕО)