ПОЛУВРЕМЕ: Девет погодоци на Дибиров, Вардар има три гола негатива против Алборг

229

Македонскиот првак по првото полувреме против Алборг во рамките на 5. коло во Лигата на шампиони има негатива од три гола 16-13. Во овој дел од мечот блеска Тимур Дибиров, кој ги влече сите конци во редовите на „црвено-црните“. По првите 30. минути има девет голови од 13 обиди.

Вардар 1961 во првите 2:30 минути не успеа да се снајде добро, противникот поведе со 3-0, но затоа пак тука беше Тимур Дибиров, заедно со Моралес и Дијало, не дозволија Алборг лесно да ја превземе контролата не мечот.

По последните плус три за противникот (6-3), избранииците на Веселин Вујовиќ со серија од 1-5 поведоа со 7-8 во 13. минута. Двата тима влегоа во серија од четири минути без погодок, а на сцена по новото водство на Алборг настапи Дибиров. Со три гола се избори за ново водство од 11-12 во 26. минута.

Сепак Алборг по долго време успеа да врзе три гола и да поведе со 15-12 на минута до крај. Со истата позитива замина на одморот (16-13).

ПретходноХајдук уште еднаш ги преслуша младинците на Шкендија
СледноЗа Пеле мина најтешкото, изваден му е туморот, следи хемотерапија и рехабилитација