Вујовиќ: Мечот го загубивме во првите десет минути од второто полувреме

268

Македонскиот првак Вардар не успеа да дојде до втора победа во пресметките со Алборг оваа сезона, на гостински терен беше совладан со 33-29 во рамките на 5. коло во Лигата на шампиони.

Предводеникот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ беше краток на прес-конференцијата по овој дуел.

„Честитки за победата на Алборг. Ние мечот го загубивме во првите десет минути од второто полувреме. Потоа пробавме да се вратиме, но беше доцна. За нас сега само Кил е важен, овој меч е историја“, изјави Вујоивќ.

Дуелот со германскиот тим, Вардар 1961 го игра на 27. овој месец на домашен терен.

ПретходноКил водеше со плус седум – Пик Сегед извлече реми, пораз за Митревски
СледноПо долга пауза Нестор се врати на тренинзите на Удинезе