Ѓорческа ја победи Шиникова се пласира во 1/2 финалето на турнирот во Севилја!

149

Лина Ѓорческа, убедливо нашата најдобра тенисерка, успеа да се пласира во 1/2 финалето на турнирот во Севилја. Таа во четвртфиналето беше подобра од Бугарката Изабела Шиникова со 2-1 во сетови, а во гемови 4-6, 6-3, 6-3.

Бугарската тенисерка беше одлична во првиот сет, но потоа Лина одигра како што знае и успеа да ги земе вториот и третиот сет.

Инаку Лина Ѓорческа во Севилја заедно со Тена Лукас, ќе игра и полуфинале во двојки.

ПретходноКуман: По оваа победа се е можно понатаму
СледноСудии за ПМФЛ: Грујоски ќе ја дели „правдата“ на мечот Шкендија – Работнички