Манасков успешно опериран: Се гледаме наскоро

211
Македонскиот ракометен репрезентативец и интернационалец, Дејан Манасков штотуку објави на социјалните мрежи дека му е извршена операцијата на вркстените лигаменти на коленото.
Манасков се здоби со една од најтешките спортски повреди и сосема нормално мораше да замине на операција, а го чека и долг рехабилитационен период.
Токму затоа тој нема да биде дел од репрезентацијата на Македонија која што ќе учевствува на Европското првенство 2022 година.
„Операцијата мина во најдобар ред и се чувствувам добро. Благодарност до сите за поддршката и се гледаме наскоро. Ве сакам сите“ – напиша Манасков.

ПретходноБилетите за Македонија – Исланд по 150 и 300 денари, надежите со Франција на Арената!
СледноБарди викендов се враќа на терен