Фати Исмаили: Заедно со „шверцерите“ ќе ја победиме Ренова!

272

Во таборот на лидерот на табелата, во Шкупи, се е подготвено за утршното дерби од 11.коло во ПМФЛ против Ренова. Ова е дерби зошто играат двете моментално најдобри екипи во нашата елитна лига.

Секако дека за Шкупи единствена опција е победа и само победа.

Така вели капитенот на чаирчани Фати Исмаили за клупската интернет страница…

Утре на Чаир ја дочекуваме Ренова. Ги повикувам нашите фанови, нашите верни `шверцери` да дојдат во што поголем број и да ни дадат поддршка. Заедно со нив сметам дека ќе ја победиме Ренова. Ова е важен меч за нас. Максимално сме подготвени и подготвени сме да ги реализираме сите замисли на нашиот тренер Гоце Седлоски. Не велам дека ќе одиме на трите бода, тоа се подразбира“ заврши Исмаили.

ПретходноЏенова и Пандев поразени во Торино, паднаа на претпоследно место
СледноАна Ивановиќ дојде во Пелистер Волеј