Денеска од 14 часот закажани се преостанатите пет меча од 11.коло во ПМФЛ. Вчера Шкупи ја победи Ренова со 2:1 и ја зголеми предноста во однос на ривалите во битката за првото место.
Секако дека дербито се игра во Тетово,каде под Шара шампионот Шкендија го дочекува Работнички. И двете екипи не смеат да си дозволат луксуз да го загубат овој натпревар.
Интересно ќе биде во Битола, каде Марјан Секуловски како стратег на „сините“ ќе мора да “удри“ против “својот“ Пелистер. Брегалница е во налет, Брегалница гостува во Битола каде секогаш е тешко да се игра. Пелистер пак ја посакува својата прва победа сезонава.
БИТКА ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ НА АВТОКОМАНДА
Скопје на Автокоманда го дочекува Тиквеш. Тоа ќе биде битка до последен здив. И на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни, се знае и зошто. Овде може само еден гол да го реши победникот.
Македонија ЃП со новиот тренер, Муарем Бајрами кој имаше супер деби во средата во Струмица, посакува триумф над Струга ТЛ. И двете екипи се во лоша серија, немаат победа којзнае од кога во ПМФЛ.
Јане Николоски, некогашниот репрезентативен голман, денеска ќе го има своето деби на клупата на Борец, и тоа против Академија Пандев. Струмичани неочекувано во средата дома загубија од “лавовите во Купот, па сега ќе бараат рехабилитација.
Во секој случај не очекуваат пет интересни и дуели од 11.коло.
ДВОЈКИ ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
БОРЕЦ – А.ПАНДЕВ
ВЧЕРА:
ШКУПИ – РЕНОВА 2:1