Јунајтед VS Ливерпул – битка за Англија: Кој ќе сонува на “Театарот на соништата“?

163

Манчестер Јунајтед – Ливерпул. Секоја чест за Челзи, Манчестер Сити, во иднина и за Њукасл, во минатото за Арсенал, Тотенхем, во далечното минато и за Лидс, Нотингем…сепак најголемите клубови во Англија се Јунајтед и Ливерпул.

Првите имаат 20 трофеи шампион на Англија, а вторите еден помалку, но затоа Ливерпул има повеќе титули европски првак.

Ова е ривалство кое нема граници. Легендата вели дека датира уште од 1894 година кога по прокопувањето на каналот меѓу Манчестер и Ливерпул, овој вторио град засекогаш го загубил епитетот нај град на Островот после Лондон.

Ливерул долго беше “господар“ во Англија, но затоа во ерата на Сер Алекс работите се променија.

Ѓаволите“ против “Редси“. Солскјер против Клоп. Роналдо против Салах. Зарем треба нешто повеќе од ова? Зарем треба посебна покана за да се следи оваа БИТКА ЗА АНГЛИЈА која денеска почнува во 17:30 часот.

Време е за најдоброто, време е за мега – дерби дуелот во најсилната лига во светот.

Да, ова е може да е и последен меч на Оле Гунар Солскјер на клупата на Јунајтед. Него само победа го “пере“, Конте веќе ги подготвува куферите.

И сосема за крај. Кој од овие два клуба ќе СОНУВА на „ТЕАТАРОТ НА СОНИШТАТА“?

Само еден може да биде победник.

А тоа е…

ПретходноБекам потпиша договор вреден 200 милиони евра!
СледноМурињо: Не сум СЕ*КО!!