Бекам потпиша договор вреден 200 милиони евра!

547

Дејвид Бекам и официјално е заштитното лице на Катар 2022, или на Мундијалот кој ќе се одржи во ноември – декември идната година. Тој за тоа доби дури 200 милиони евра, но сега си има проблеми. Имено повеќе организации за човекови права велат дека тој не смеел да го стори тоа поради се она што се случува во Катар, пред се поради луѓето кои загинале при изградбата на стадионите во оваа земја за СП.

Посебно е на удар на критиките и тоа во Англија, се знае и зошто. Токму оваа земја ја загуби битката со Катар за организацијата на Мудијалот 2022 година.

Некогашната фудбалска мега – ѕвезда на Јунајтед и Реал Мадрид, како и капите на репрезентацијата на Англија, ќе мора во наредните десет години, да ги пропагира сите вредности на малата, но богата земја Катар. Пред се туризмот и културата.

ПретходноКомедија во НБА-лига: Иако Кајри Ирвинг не игра – го сакаат во нивниот тим!
СледноЈунајтед VS Ливерпул – битка за Англија: Кој ќе сонува на “Театарот на соништата“?