Фабио Квартараро на Јамаха, е новиот шампион во Мото ГП. Иако заврши како четврти на денешната трка во Мисано, тоа беше доволно за севкупен триумф ако се знае дека неговиот единствен конкурент Франческо Бањаја (Дукати), не успеа да ја заврши трката.
Победник на денешната трка е Марк Маркез (Хонда), како втор трката ја заврши Пол Еспарго (Хонда), а трет беше Енио Бастијанини (Дукати).