Екипата на Тотенхем повторно доживеа пораз во англиската Премиер лига овојпат на гостувањето кај Вест Хем со 1:0. Голот за победа на „чеканите“ го постигна Михаил Антонио во 72. минута од мечот.
Антонио го реализира шестиот гол против Тотенхем и против нив има најмногу погодоци во најсилната англиска лига.
Инаку Тотенхем го губи четвртиот дуел со лондонски ривал откако претходно доживеа порази од Арсенал (3:1), Челзи (3:0) и Кристал Палас (3:0).
На другиот меч од 9.коло што се одигра во ист термин како и овој во Лондон, Лестер славеше со 2:1 на гостувањето кај Брентфорд. За „Лисиците“ стрелаа Тилеманс и Мадисон, а за домашните Јоргенсен.