Вечерва два супер меча: Француска класика на „Велодром“, шампионски дуел на „Меаца“

132

Денеска е ден на дерби натпревари. Почнаа дуелите Барселона-Реал и Манчестер Јунајтед-Ливерпул, а вечерва се играат уште два супер натпревари. Француска класика на „Велодром“ помеѓу Олимпик Марсеј и Пари Сен Жермен и дербито на Италија помеѓу Интер и Јувентус (двата меча почнуваат од 20:45 ч.).

ПСЖ е лидер на табелата, а Марсеј е на петтото место со 10 бода помалку. Претходниот дуел го доби ПСЖ на „Велодром“ со 0:2, а пред тоа Марсеј славеше на „Паркот на принцовите“ со 1:0. Нивните натпревари се жестоки затоа што ривалството помеѓу Марсеј и Париз е огромно, па често мечевите ги „засенуваат“ инциденти на трибините, на теренот или надвор.

На „Меаца“ во Милано играат актуелниот шампион Интер и поранешниот првак Јувентус. Супер натпревар од големо значење за двете екипи. Интер е трет на табелата со 17 поени од осум натпревари, а првиот пораз го доживеа пред една недела од Лацио. Јувентус ја победи Рома со 1:0 пред една недела, па со добро расположение патува во градот на модата.

Минатата сезона на „Меаца“ победи Интер со 2:0.

ПретходноЏовани Симеоне со четири гола го потона Лацио (видео)
Следно„Кралевите“ го освоија „Ноу Камп“, четврти пат по ред ја победуваат Барса (видео)