Кошмар за Јунајтед на „Театарот на соништата“ (видео)

170

Екипата на Манчестер Јунајтед одамна не била вака понижена на својот „Олд Трафорд“ или познат уште како „Театарот на соништата“. Пораз кој боли, затоа што е доживеан пред своја публика од најголемиот ривал во англискиот фудбал Ливерпул.

Четата на Оле Гунар Солскјер направи се што е погрешно и загуби со 0:5! На полувреме имаше негатива од 0:4, а во второто не им преостана ништо друго освен да се потрудат да го направат поразот попристоен.

За Ливерпул стрелаа Кеита, Жота, а три гола постигна Мохамед Салах. При негатива од 0:5, Роналдо ја затресе мрежата на гостите но голот му беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд. Во 60. минута „ѓаволите“ останаа со играч помалку затоа што Пол Погба доби директен црвен картон.

Потопот не можеше да се спречи. Тренерот Оле Гунар Солскјер се најде под голем притисок. Во средата имаа негатива од 0:2 на полувреме од Аталанта, но го свртеа резултатот и победија. Сега не им успеа „трикот“.

Ова е третиот пораз на Јунајтед сезонава, а Ливерпул ја запиша шестата победа.

На Оле му се стемни: Јунајтед губи од Ливерпул со 0:4 на полувреме (видео)

Освен тоа тренерот на Ливерпул Јирген Клоп ја продолжи убавата серија против Манчестер Јунајтед. Toj e првиот менаџер на Ливерпул кој седми меч по ред не знае за пораз од нив. Изгледа им ја научил “шемата“.

 

ПретходноСалах стана најдобриот африкански стрелец во Премиер лигата
СледноРазочараност кај Фергусон кога Ливерпул поведе со 5:0