Тричко – фантастико: „Тресе“ и во седмиот меч по ред!

260

Иван Тричковски и се е кажано. Имено попладнево на мечот со Анортозис на гости, Македонецот одново, од пенал, постигна гол, тоа е вкупно осми во седмиот меч по ред. Се играше 35 минута кога Тричко од пенал донесе водство од 1:0 за гостинскиот тим на АЕК Ларнака.

Навистина Тричко е во страшна форма на радост на фановите на АЕК Ларнака, тим кој што сега и тоа како се наметнува како најсериозен кандидат за титулата. Тричковски и неговите голови го држат АЕК Ларнака на врвот на табелата во елитната лига на Кипар, а самиот тој е на врвот на листата на стрелците со 8 голови по седмото коло.

Додека ова го пишуваме мечот Анортозис – АЕК Ларнака се уште се игра, а резултатот е 2:0 за тимот на Македонецот.

ПретходноРК Алкалоид не запира, совладан и Текстилец за “шест од шест“
СледноВо меч од 12.коло: Брегалница на Чаир ќе гостува в петок!