Никола Серафимов, нашиот репрезентативец и интернационалец во Унгарија, е избран во тимот на колото во тамошната елитна лига во рамките на 10.коло. Неговиот Залаегерсег го победи Ѓермот, а Серафимов беше и стрелец на гол. Нашиот интернационалец е главна движечка сила на шампионот од 2002 година, добро ја контролира одбраната веќе неколку кола.
Серафимов сезонава има четири голови за Залаегерсег.
Она што е интересно во тимот на 10. коло нема ниту еден играч од моментално најдобрите клубови во Унгарија Ференцварош и Фехервар (поранешен Видеотон).