Серхио Рамос конечно ќе може да им се приклучи на тренинзите на ПСЖ и ќе биде подготвен за дуелот против Лил во рамките на Лига 1.
Според француските медиуми искусниот фудбалер дојдо точката на рехабилитација која му дозволува индивидуалните тренинзи да ги замени со групните, и со тоа да направи чекор кон своето деби во составот на „светците“.
Рамос потпиша двегодишен договор со ПСЖ, лекарските прегледи покажаа дека 35-годишниот фудбалер е подготвен физички како 25 годишен играч. Сепак поради повреда на листот на левата нога тој мораше да биде надвор од терените.
Специјализираните медиуми оваа ситуација ја опишаа како ноќна мора, а многумина тврдеа дека челниците на клубот донеле лоша одлука со неговото потпишување.
Но, има и такви кои веруваат дека Рамос наскоро ќе ја оправда довербата, и ќе биде оној стариот.
Со 35 години, 22 трофеи со Реал и речиси 900 професионални натпревари од неговото деби во 2004 година, Рамос забележа невиден пад, бидејќи одигра само седум натпревари во 2021 година.
Рамос последен пат се појави на 5 мај 2021 година во полуфиналето на Лигата на шампионите против Челзи.