Бабиќ: Горд сум на моите момци, покажавме карактер!

180

Е. Пелистер го освои првиот бод во Европската лига. Иако губеше со осум гола разлика, во последната секунда успеа да дојде до реми (28-28) на дуелот против Кадетен Шафхаузен, благодарение на Јосип Периќ.

„Честитики до мојот колега, на Кадетен му посакувам среќа. Морам да биде искрен го одигравме истиот меч како минатата сезона во Битола, губевме седум гола, во последните секунди реализиравме. Горд сум на моите момци, покажавме карактер. Навистина е тешка да се каже нешто интелегентно сега, среќен сум. За нас ова е важен бод, не беше лесно да се игра против Кадетен“, изјави Бабиќ.

Херојот на битолчани Периќ беше краток на прес-конференцијата.

„Немам многу што да кажам, навистина сум изморен, бевме во лоша ситуација, успеавме да се вратиме, имавме среќа на самиот крај. Мислам дека го заслуживме овој бод. Ова беше добар меч, мојот тим уживаше“.   

ПретходноБратот на Марио Геце пак во болница, голман го спаси од гушење (видео)
СледноВолфсбург го назначи довчерашниот тренер на Вердер