Жиру му донесе нови три бода на Милан (видео)

172

Францускиот напаѓач Оливие Жиру го постигна единствениот гол за Милан во победата над Торино со 1:0 во 10. коло од Серија А. Со тоа „росонерите“ стигнаа до деветтата победа сезонава и го држат првото место со 28 бода, три повеќе од вториот Наполи кој има меч помалку.

Торино го впиша петтиот пораз и е на 13. место.

 

ПретходноЕвролига: Барса го освои Истанбул за 100% ефект, Жалгирис нема ниту една победа
СледноАрсенал лесно преку Лидс, а Челзи дури по пенали во 1/4 финале на Лига купот