Херојот на Рајо Валјекано, македонскиот интернационалец и репрезенаттивен голман, Столе Димитриевски по мечот со Барселона синоќа во кој тој не само што направи неговиот тим да победи со одбраанетиот пенал, туку даде додатна сигурност кај останатите свои соиграчи.
Димитриевски по мечот рече дека во неговите очи Барселона, и нејзините играчи ниту од далеку не одиграле како што знаат и како што можат и дека изгледале многу лошо на теренот.
„Јасно е дека Барселона не играше на своето најдобро ниво, но она што е најважно е што ние одигравме одличен меч и што победивме. Она што веднаш падна во очи е колку фудбалерите на Барса на теренот беа без радост, без страст за играта. Веднаш се гледа колку многу недостига играч како Лео Меси во оваа екипа“, изјави Димитриевски веднаш по натпреварот.