Фабрицио Романо: Чави прифати да биде новиот тренер на Барселона

299

Трансфер гуруто на светскиот фудбал, Фабрицио Романо објави дека разговорот помеѓу првиот човек на БАрселона, Жоан Лапорта, и Чави Хернандез заврши успешно и дека тој во најското време ќе биде новиот тренер на тимот од Ноу Камп.

Откако Роналд Куман доби отказ, преодното решение ќе биде тренерот од Барселона Б, Серџи, легендата на клубот, но според Романо, Чави веќе рекол да на условите кои му биле понудени, и тој би требало наскоро да биде промовиран како нов стратег.

Чави ќе биде според многумина лицето во кое ќе се гледа спас од оваа очајна ситуација во клубот, барем на резултатски план, а со оглед на неговото влијание во клубот, можно е да има влијание и на одлуките на многу повисоко ниво.

 

ПретходноРашфорд за поразот од Ливерпул: Се срамам, работиме напорно за да го надоместиме
СледноУжас во Бразил, директорот на клубот со нож прободе фудбалер (ВИДЕО)