Големиот НБА стрлучњак, Грег Попович чие мислење во кошаркарскиот свет е рамно на закон што се вели, вчера даде интересна изјава на темата Лука Дончиќ и неговиот импакт во моментов во најсилната лига на светот.
Синоќа, Сан Антониот, тимот кој беше воден од страна на Грег Попович со децении, загуби од Далас на Лука Дончиќ со 104:99 иако во еден период од мечот имаше и дваесет поени предност.
Сепак, Дончиќ со десетина многу важни поени во последната делница даде до знаење колку е способен, и квалитетен во клучните моменти да одигра улогата на лидер.
„Замислите да Југославија е сеуште цела, и да сите овие момци играат заедно. Тоа би било навистина неверојатно. Словенци, Срби, Хрвати, Босанци. Дончиќ ме потсетува на тој момент, секој нов играч кој доаѓа од тоа поднебје е се подобар. Во НБА сите тие се одлични, а се сеќавам и на времето на Дивац, Паспаљ, Кукоч и Петровиќ. Сите тие момци играа заедно во исто време.
Сепак, мене една сосема друга работа ме фасцинира. Како некој кој доаѓа од така мала земја, може да стане така добар играч. Не ја имал конкуренцијата која ја имаат американсктие играчи ширум терените во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго каде што се „јадат живи луѓе“. Тоа морате да му го признаете на Дончиќ, а американците тоа често го забораваат. Во секој случај интересно е да се види како така мала земја како Словенија, има толку добар кошаркар“ – изјави Попович.
What are Gregg Popovich and Luka Doncic talking about? 💭👇
🎥 @dallasmavs pic.twitter.com/YFEDGLlgAY
— BasketNews.com (@BasketNews_com) October 29, 2021