Се палат алармите во редовите на Црвена Звезда откако загуби во Сурдулица. Спортскиот директор Митар Мркела по мечот во српските медиуми ги обвини играчите за тој пораз, но не толку поради слабата игра туку поради вакцинацијата против Ковид-19. Имено стратегот Дејан Станковиќ имал проблеми со составот од причина што само четворица негови фудбалери се вакцинирале, а другите одбиваат тоа да го сторат. Без разлика што самиот Станковиќ веќе ја добил и третата доза тоа кај играчите не “пали“, едноставно тие не веруваат дека со вакцината ќе се заштат себе си и своите блиски.
Токму затоа Мркела е гневен, токму затоа наназад неколку месеци короната прави дар – мар во клубот.
А Станковиќ не може секогаш да смета на својот најдобар тим.