Она што се стравуваше се чини дека се обистини. Имено како што утринава од Валенсија стигна информација, повредата на Ненад Димитриjевиќ е сериозна и тој ќе биде најмалку шест седмици во аут. Во официјалното соопштение на клубот каде што игра македонскиот кошаркар, се вели дека Димитријевиќ скинат е мускулот на тетивата на десната нога.
Ова секако дека е многу лоша вест и за нашата репрезентација, посебно ако се знае дека при крајот на следниот месец стартуваат квалификациите за Мундијалот, а се среќаваме со Шпанија и Украина во првите два меча.