Рома оди по тројца нови играчи во јануари

394

Во Рома планираат во јануари да ја засилат одбраната и средниот ред во јануарскиот преоден рок. Тренерот на „волчицата“ Жозе Мурињо забележал тројца играчи кои би требало да ја засилат екипата во зимскиот преоден рок, пишува „Кориере дело спорт“. Се работи за Дани Себаљос од Реал Мадрид, Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах и одбранбениот фудбалер на Феенорд Маркус Педерсен.

Според изданието трансферот на Закарија ќе ја чини Рома помалку од 10 милиони евра затоа што договорот му истекува идното лето. Педерсен може да игра и како десен бек и како централен бек, а неговата цена е околу 3 милиони евра. Себаљос уште не одигра ниту еден натпревар оваа сезона, а за него се интересира и Јувентус.

ПретходноПСЖ со пресврт во вториот дел го совлада шампионот Лил (видео)
СледноЛеброн „удри“ против „својот“ Кливленд